Свет

ВИДЕО: Руски шпиони славеле дипломска како мафијаши и биле казнети

Десетици перспективни тренирани руски шпиони испратени се во сибирската дивина како казна што учествувале во непристојна прослава на диломирањето, која го открила нивниот идентитет.

Студентите направиле конвој од црни мерцедеси по московските улици расфрлајќи се во мафијашки стил за да го прослават дипломирањето на академијата на Фдералната служба за безбедност – ФСБ.

Им било овозможено да избираат дали ќе истапат од елитната безбедносна служба или да бидат прекомандувани  на Чукотска или на Камчатка и речиси сите ја избрале втората можност.

Vladimir-Putins-rookie-spies-in-hot-water-after-showing-off-Russias-secret-service-Mercedes-fleet

Шокантниот спектакл со трубење со сирените додека полицијата не се осмелува да интервенира го осудија ветерани од Студената војна, а сето тоа просто го разбеснелорускиот претседател, кој и самиот е поранешен шпион на КГБ.

Три недели по инцидентт шпионските шефови во Москва почнале да дејствуваат против сторителите и бараат или да ја напуштат ФСБ или да бидат протерани во најоддалечените руски региони за да ги отслужат казните.

kamcatka-520x390

ФСБ, на чие чело некогаш бил и самиот Владимир Путин, одби да го коментира настанот, но Кремљ јавно побара раководството на службата да го среди скандалот.

chuhotka-520x346

Ветровитата Чукотска во која некогаш беше гувернер Роман Абрамовиќ е најисточниот дел на Русија во близина на Арктичкиот круг и речиси се допира со Алјаска, а Камчатка е напуштен вулканско-глечерски полуостров северно од Јапонија. Двете локации се оддалечени 8 часа од Москва по воздушна линија.

Поврзани вести

Back to top button