ВИДЕО: По повеќе од 30 години Хи-мен се враќа на малите екрани
„Во името на моќта на Сивиот Череп! Јас ја имам моќта!“. Тоа беа речениците што наизуст ги знаеја децата ви осумдестите години од минатиот век, посебно оние кои го обожуваа анимираниот херој Хи-мен – „најмоќниот човек во Вселената“.
Сега, по повеќе од 30 години, на познатата стрип конвенција „Комик Кон“ во Сан Диего, премиерно ќе биде прикажана нова епизода од популарниот цртан филм.
Таа е направена во стилот на 80-те, поради што, покрај најмалите, премиерата со нетрпение ја очекуваат и многумина возрасни кои се сеќаваат на битките на Хи-мен и неговиот тигар.
Во 1987 година, франшизата доби и своја долгометражна играна верзија, во која главниот лик го отелотвори Долф Лундгрен.
Минијатурите на суперхеројот од тој филм долги години потоа беа вистински хит, што само по себе говори за огромната популарност на овој стрип херој.