Живот

Поранешен вработен во рудникот упатува предупредување за капачите во Мермерното езеро

На социјалната мрежа Фејсбук, Душко Галески кој работел во мермерниот рудник, односно местото каде е настанато денешното Мермерно езеро во селото Беловодица во Прилеп, упати предупредување до капачите кои секојдневно го посетуваат езерото и се разладуваат.

Покрај како атракција, на ова место треба да се гледа и од една поинаква страна, а тоа е безбедната. Имено, не е познато колку се стабилни мермерните блокови кои се издигаат еден врз друг, а капачите ги користат како скокални.

ezero

Па поради тоа бидете внимателни, не ја предизвикувајте природата и бидете еколошки свесни, затоа што гревота е вакво недопрено место да биде загадувано со пластика и разен друг отпад.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button