Платил 3,7 милиони долари за секс со светски убавици, а останал со празни раце
Кинескиот тајкун Мартин Ју Су наседнал на измамата на австралиската агенција за деловна сорабока „Ројал корт ексортс“, која за сума од 3,7 милиони долари му ветила секс со познати светски убавици.
Со оглед на тоа што веќе ги дал парите, а не добил сексуални услуги, тој сега ја тужи агенцијата и бара оштета.
Ју Су уште во 2014 година склучил договор со агенцијата, чие седиште е во Сиднеј. Ја уплатил договорената сума, а за возврат требало да има секс со холивудската ѕвезда Меган Фокс, кинеската манекенка и актерка Јанг Јинг попозната како Ејнџелбејби и моделот на „Викторијас сикрет“, Кендис Свонпул.
Кинезот прво требало да се состане со кинеската манекенка, во септември 2014. Агенцијата наводно со неа му договорила состанок, меѓутоа девојката не се појавила на договореното место во договореното време.
Богаташот тогаш сфатил дека е измамен, па решил да ја тужи австралиската агенција.
– Беше договорено да платам 3,7 милиони долари. Таа сума ја уплатив на неколку рати. За возврат требаше да добијам сексуални услуги од Меган Фокс, Кендис Свонпул и Ејнџелбејби, но не го добив тоа . Агенцијата ме изигра. Ми ги зедоа парите, а девојките никогаш не ги видов. Затоа сега барам отштета – им изјавил Су на кинеските медиуми.
Неговата приказна одекнала во целиот свет, а откако за неа дознале три светски убавици, решиле да поднесат тужба и против кинескиот богаташ и австралиската агенција. Сите три тврдат дека никогаш не се занимавале со проституција и сакаат отштета затоа што нивното име е извалкано.
Менџерот на Ејнџелбејби изјавил дека неговата клиентка не е дама за придружба и дека тоа за неа е навредливо.
– Нејзиниот правен тим ќе се позанимава со овој случај. Планираме да поднесеме тужба против компанијата која недозволено го користела нејзиното име и против господинот Ју су – изјавил менаџерот на манекенката.