Видео: Има 12 години и е невеста на маж кој може да и биде дедо
Пред неколку недели на Јутуб се појави видео на кое малечко девојче позира со својот сопруг, во години доволно за да може да и биде дедо.
Оваа снимка предизвика низа негативни коментари на социјалните мржеи.
Имено, во видеото се прикажани низа реакции на случајни минувачи, некои од нив и честитаа додека пак други ги гледаат во шок и неверување.
За да бидат решени мистериите, на крај се покажа дека ова видео е исценирано, но жалната вистина е дека ова секојдневно се случува во Либан.
УНИЦЕФ мината година објави податоци кои покажуваат дека 6% од девојчињата во Либан се мажат пред да наполнат 18 години, а 1% од нив пред да наполни 15 години.
Понатаму, во Либан легалната старост за брак без дозвола на родител е 17 години за девојчиња и 18 за момчиња, но забележани се случаи на 9-годишни девојчиња кои се мажат за многу постари мажи од нив, секако со дозвола на нивните родители.
Големата е стапката на смртни случаи кај девојчиња кои раѓаат, а имаат помалку од 15 години.