Родителите на најбараниот босански џихадист: Тој е на патот на Алах, да имаме уште 9 синови, сите ќе војуваат
Иако Јасмин Кесеровиќ го бара половина свет поради заканите за терористички напади, неговите родители, очигледно несвесни за тежината и бруталноста на пораката која тој ја праќа, сè уште му даваат поддршка.
“Мојот син не е терорист и видеото кое е снимено, на него не е Јасмин. Не е тој на фотографијата, тој е болен и оди на штаки. Моето семејство и јас не сме луди и не сме психопати”, рекол Џевад Кесеровиќ, таткото на Јасмин, чие видео со терористички закани го обиколило светот.
Како што тврдат неговите родители, Јасмин 6 месеци одел во Средно Техничко училиште во Завидовиќ, каде наставниците не му дозволувале да ги врши дневните молитви, поради што со поддршка на родителите го напуштил образованието и го учел Куранот во Горна Маоча. Таму, тврдат тие, минал цели 3 години пред да замине на бојното поле.
“Тој отиде да војува, отиде да се бори во 2013. година. Да можам сега да го видам, би му порачал да се бори за Алах”, рекол неговиот татко.
Најдобриот пријател на Јасмин од детството, рекол неговиот пријател никогаш не покажувал знаци на агресија, бил повлечен и ја почитувал верата.
Според достапните податоци, Кесеровиќ, кој е роден на 16. јуни 1994. година во местото Хајдаровиќ, отишол во Сирија заедно со уште двајца борци на 23. јануари 2013. година. По нив Интерпол има распишано потерница.