Свет

Десет илјади турски војници во офанзива против Курдите

Околу 10.000 припадници на турските сили со тенкови водат жестока офанзива против Курдите во два града на границата со Сирија. Во нападите кои започнале пред пет дена загинале повеќе од 100 бунтовници од Работничката партија на Курдистан. Од турска страна загинале најмалку два војника, како и пет цивили.

reuters-kurdi_main-520x348

Војската и специјалните полициски единици на Турција ја покренале офанзивата со цел иселување на бунтовниците од градските средини.

Двегодишниот прекин на огнот меѓу Курдската работничка партија и официјална Анкара се распаднал во јули.

За време на тридецениските судири на југоистокот на земјата каде што во главно живеат Курди загинале повеќе од 40.000 луѓе. Припадниците на ПКК сега копаат ровови и поставуваат барикади на подрачјата кои граничат со Сирија и Ирак.

Поврзани вести

Back to top button