Педофил се самозапали пред судот во Битола
Околу 3 часот утрово, 67-годишен битолчанец се полеал со бензин и се самозапалил, па со автомобил во кој имало плинска боца од 10 литри удрил во скалите од зградата на Основниот суд – Битола. Плинската боца не експлодирала, соопштуваат од Јавното обвинителство.
Судскиот полицаец успеал да го изгасне лицето кое со тешки телесни повреди е пренесено на клиниките во Скопје. На местото на настанот увид извршил надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Битола.
Лицето било осуденик кој денеска требало да започне со издржување казна затвор во траење од 10 години за сторено кривично дело – Полов напад врз дете кое не навршило 14 години.
За понатамошниот тек на постапката јавноста ќе биде дополнително информирана., се вели во соопштението.