Македонија
Детали за тепачката пред клубот „Мистик“ во која почина 30-годишен скопјанец
30-годишен скопјанец дивеел во ноќен клу. Според податоците од полицијата, се работи за С.Р. кој во 04 часот пред ноќниот клуб „Мистик“, го пресретнал 30-годишниот С.Б. исто така од Скопје и по кратка расправија поради тепачка физички го нападнал оштетениот удирајќи со тупаници по телото и главата.
Несреќниот скопјанец паднал на бетонскиот дел во бесознание и се здобил со тешка телесна повреда во вид на фрактура во предлот на главата.
С.Б. од задобиените повреди починал на Клиника за Неврохирургија при Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“ во Скопје.