Македонија

Трагедија во Македонија – Исчезнатата кумановчанка пронајдена мртва

Трагедија во Македонија. Во 18 часот на улицата „Иван Милутиновиќ“ во куќата на Т.П. во Куманово, била пронајдена мртва жена. Според податоците од полицијата, се работи за 62-годишната П.Д. која таму живеела под кирија.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош за жал можела само да биде констатирана смрт. На телото на починатата немало траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи Куманово.

Инаку, сега починатата претходно била пријавена за исчезната.

Поврзани вести

Back to top button