Дали овој Албански мафијаш го подметнал пожарот во српската црква во Њујорк?
Во белградските медиуми утринава се појави уште една теорија која укажува на конкретен можен организатор на подметнатиот пожар во српската црква Света Сава во Њујорк. Според таа теорија наводно станува збор за албанскиот мафијаш Џони Алит.
Имено, според последните наоди тој би можел да помине неказнето поради тоа што важи за недопирлив бидејќи е дел од сведоците во процесот против поединечни членови на италијанската мафијашка фамилија Гамбино, поради што и одлежа затвор, се на се 6 години, иако има признаено две убиства и четири заговори за извршување на убиство.
Њујоршката противпожарна служба во меѓувреме истакна дека за пожарот најверојатно е виновен чуварот на црквата, затоа што неизгасените свеќи ги ставил во метална кутија која подоцна ја сместил под клупите, а пламенот избил три часа подоцна. Меѓутоа таквото сценарио не одговара, тврди Дарко Трифуновиќ од белградскиот Факултет за безбедност.
„Сум бил во таа црква во Њујорк и тоа што го тврдат американските служби воопшто не е реално“, додава тој.
Од друга страна, „Њујорк пост“ сега тврди дека противпожарната служба во Њујорк истражува дали пожарот е поврзан со пожарите кои во исто време ги уништија и православните црквите во Австралија и Русија.
Владиката Миртофан истакнува дека во овој момент сеуште нема добиено официјален извештај и дека поради тоа не може да шпекулира за причините за пожарот.
„Ништо официјално се уште немаме добиено, а тоа што пишуваат американските медиуми дека свеќите се причината за пожарот се само шпекулации, иако гледам дека и патријархот Иринеј вели дека не е можно свеќите да ја направиле таквата стихија. Очекуваме да добиеме извештај до петок и тогаш ќе можеме да зборуваме повеќе на таа тема “, вели владиката Митрофан.