Покрај настапите, пејачите заработуваат и од појавување на разни настани, а една од најскапите во регионот е Северина.
Пејачката претходно често се појавуваше на отворање на козметички салони, а во последно време, актуелна е на модни настани и отворање на луксузни бутици.
Северина за концерти за себе и за гупата наплаќа по 20.000 евра, а за појавување на гала-промоции од 10 до 13.000 евра.
Менаџерот на пејачката Томислав Петровиќ, исто така, истакнал дека често се случува Севе да се појави на отворање на бутици и да рекламира облека без да наплати, со цел да им помогне на луѓето што се борат да имаат успешен бизнис.
Секако таква привилегија имаат и нејзините блиски пријатели, а за сите други има сума која треба да ја платат за да објави слика на која ќе носи парче од некоја модна марка, но за која сума се рааоти, не сакал да открие.