Живот

Внимавајте: Oваа жена oд дамка на лицето добила рак на кожата! (ФОТО)

Жртва на рак на кожа објавија шокантна фотографија од лузна на лицето, која е последица од прекумерно изложување на сонце без заштита, како и користење на солариум. Лорен Хендерсон (40) била голема обожавателка на црниот тен, па тоа во овој случај можело да ја чини живот. Таа од 13 годишна возраст користела солариум, а секое летување користела средства без заштитен фактор. 

Мајката на едно дете открила голема и болна лузна на лицето со што ги предупредила другите на опасноста од сончање.- Би заминала на летување, би правела се што е во моја моќ да поцрнам што побрзо, а откако би се вратила би идела на солариум за да ја одржувам бојата – рекла за Деили Меил.

lorraine23333

Приметила дамка на лицето која се зголемувала се повеќе, но мислела дека сонцето сепак ќе ја исчисти. Како минувало времето сфатила дека дамката не исчезнува, па се одлучила да посети лекар. Еден поглед бил доволен за да каже дека тоа е рак на кожа. – Мислам дека не постојат доволно реални предупредувања кои луѓето ќе ги сфатат. Сонцето е опасно, звучи апстрактно, треба да се прикаже реалност која на луѓето ќе им биде пред очите – ги открила своите причини за објавувањето на сликата на Фејсбук Лорен, која по објавувањето е споделена повеќе од 3.600 пати.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button