Свет
ВИДЕО: Погледнете како летала на НАТО го пресретнале авион на рускот министер за одбрана
Група борбени авиони на НАТО го пресретналао авионот на рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу додека се движел кон Калинград, над неутралните води на Балтичкото Море, пренесуваат руските медиуми.
Авионите на НАТО се наоѓале на два километри од леталото во кое се возел Шојгу, кој го следеле четири ловци Су-27.
Шојгу отпатувал во руската западна енклава Калинград со цел да провери како се одвива обновувањето на воениот аеродром во близина на градот.
Со рускиот министер за одбрана во авионот биле и новинари на ТАСС, Интерфакс и РИА Новости кои, како што наведоа, го препознале авионот „еврофајтер тајфун“, ловец со два мотори направен за потребите на НАТО.