Живот

Драган Бјелогрлиќ прозборе за трагедијата што му ја прекина младоста

Славниот актер и режисер Драган Бјелогрлиќ е омилен во своето родно место, а местото Баранда е негова слабост. Секое лето го минува таму, меѓу своите и нема сосед кому не му дал, барем мала улога во своите филмови

Екипата на српски Блиц плус е во посета на родното место на познатиот актер, кој е миленик на целата поранешна југословенска публика уште од првото појавување на екраните. Прва за него зборува баба Меланија, најблиска сосетка на Бјелогрлиќи.

– Го познавам од малечок. Отсекогаш бил многу фино момче. Драган е жив, енергичен, а брат му Горан од дете беше поповлечен, но и двајцата сакаа да се пошегуваат со луѓето. Мајка им Нада е многу фина, чесна жена. Прекрасни соседи, тече мед и млеко од устата на баба Меланија.

Но, освен на убаво, баба Меланија е  сведок и на трагедија во семејството. Неговиот татко Томислав умрел кога Драган имал 18 години и оттогаш самиот се борел во животот.

Дедо му бил опинчар, не можел многу да им обезбеди на матурантот Драган и на неговиот помал брат. Мајка им била покрај нив, па можеби и затоа на Драган му било лесно да не се откаже од школувањето.

Драган запишал прво градежен факултет, зашто тоа била желбата на неговиот покоен татко, но набрзо се откажал од градежништвото и ѝ се посветил на глумата.

– Татко ми, за жал, почина кога бев пред матура. Еден од последните разговори што ги паметам со него додека лежеше во постела беше токму тоа дека треба да се занимавам со сериозни работи во животот, а тоа потсвесно влијаеше да изберам градежништво. Но, сфатив набрзо дека тоа не е за мене. Мајка ми и брат ми ме поддржаа, иако се гледаше дека се плашат.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button