Фото
Фото: Софија Вергара една од најубаво облечените дами на Оскарите
Софија Вергара е атрактивна и во петтата деценија од својот живот. 43-годишната Колумбијка со холивудски гламур заблеска на црвениот тепих на доделувањето на наградите на Академијата за филмски уметности и науки.
Популарната актерка за свеченоста избра да облече темно син фустан од Маркеза. Креацијата која дискретно го истакнуваше нејзиното деколте, Вергара ја искомбинира со луксузен накит од Лорејн Шварц.