РелигијаТоп

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни, словенски просветители

Свети Методиј и Кирил Рамноапостолни

Родени браќа родум од Солун, од угледни и богати родители, Лав и Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер помина десет години меѓу Македонските Словени. Потоа се оддалечи на гората Олимп и се предаде на монашки подвиг. Овде подоцна му се придружи и Кирил (Константин). Но кога хазарскиот цар Каган побара од царот Михаил проповедници на верата во Христос, тогаш на заповед на царот беа пронајдени овие двајца браќа и беа испратени меѓу Хазарите. Откако го уверија Каган во верата Христова, тие го крстија овој цар и голем број негови доглавници и уште помногуброен народ. По извесно време се вратија во Цариград, каде што ја составија словенската азбука од триесет и осум букви и почнаа да ги преведуваат црковните книги од грчки на словенски. На повик од царот Ростислав отидоа во Моравија и таму ја распространија и ја утврдија православната вера, па ги умножија книгите и им ги дадоа на свештениците за да ја подучуваат младината. А подоцна на повик од папата заминаа за Рим, каде што Кирил се разболе и умре, на 14 февруари 869 година. Тогаш Методиј се врати во Моравија и до смртта се потруди на утврдувањето на Христовата вера меѓу Словените. По неговата смрт – а тој се упокои во Господа на 6 април 885 година – неговите ученици Петочисленици, на чело со Свети Климент како епископ, го преминаа Дунав и се спуштија на југ во Македонија, каде што од Охрид продолжија да работат меѓу Словените на истото дело што го започнаа Методиј и Кирил на север.

Тропар
Богомудри Кирил и Меотидј, еднакви по дух со апостолите и учители на словенските земји, Владиката на сите молете Го, словенските народи да ги утврди во Православието и едномисленоста, да го смири светот и да ги спаси нашите души.

Кондак
Почит да ? оддадеме на свештената двојка наши просветители, кои со преводот на Божествените Писма ни го дадоа изворот на Богопознание; црпејќи од него до денес неисцрпно, ве славиме вас, Кириле и Методие, кои стоите пред престолот на Севишниот и топло се молите за душите наши.

Светиот свештеномаченик Мокиј

Римјанин по раѓање и свештеник во Амфипол, град македонски. Пострада за време на Диоклецијан. Со молитва ја скрши статуата на богот Дионис, со што некои од незнабожците ги огорчи против себеси, а некои пак ги приведе кон верата. Заклан за Христа во 295 година.

Тропар
Смилувај се, Господи, на Твоите созданија, по молитвите на светиот Мокиј, кој дух примајќи благодатен, со силата Твоја вистината преку многу сведоштва, ја внесе во срцата наши, исповедајќи Те Тебе во страдањата свои, кои Ти како темјан миризлив ги прими, а нас нe спасуваш кои го празнуваме неговиот свет спомен.

Поврзани вести

Back to top button