Избор на уредникотМакедонија
Осомничените за убиството на Вања Ѓорчевска спроведени во Кривичен (ВИДЕО)
Четворица осомничени за двојното убиство во Македонија на Вања Ѓорчевска (14г.) и Панче Жежовски (74г.) се донесени во Кривичен суд. Овде судија на претходна постапка треба да одлучи дали ќе им биде одредена нова мерка притвор.
Обвинителството и официјално отвори истрага против четворицата осомничени, со што практично може да бара мерка притвор подолга од 48 часа.
Инаку вечерва Обвинителството објави дека уапсен е уште еден скопјанец кој му помагал на Палчо од Србија да замине за Турција. Осомничен е дека помагал на лице кое извршило кривично дело, за кое пак пропишана е доживотна казна затвор.