Повторно пукање во скопски „Ист Гејт“, посетителите во паника го напуштаат трговскиот, неофицијално пукано кон Раде Трајковски Штекли
Повторно имаше пукање во скопскиот трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Посетителите во паника бегаат и го напуштаат трговскиот. Во инцидентот повредени се две лица.
– Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
поред првичните информации, едно од лицата е со потешки повреди и е пренесено во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Дел од медиумите, неофицијално објавуваат дека е пукано кон Раде Трајковски Штекли и уште едно лице. Кон него, на истото место беше пукано и на 25 август годинава, но не беше погоден.
Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.