Избор на уредникотМакедонија

Постар маж во автобус на ЈСП, фотографирал 13 годишно девојче и се допирал по гениталиите

Постар маж во автобус со број 24 на ЈСП, додека се движеле накај трговскиот Лептокарија во Карош 3, фотографирал 13 годишно девојче и се допирал по гениталиите. Девојчето се јавило на мајката која и рекла и таа да го фотографира него и случајот го пријавила во полиција, но го објави и на социјалните мрежи со цел да ги предупреди родителите да ги подготват своите деца како да реагираат во такви случаи.

– Таа ми јави вознемирено за да ми каже. И реков слободно и таа да го слика(алал да и е, одлично го сликнала) и да му каже да ги избрише сликите. Тој рекол дека ја слика затоа што била убава. Се фаќал за гениталии, се масирал… приметиле и другите во автобусот почнале да реагираат. Веднаш,тој се симнал на истата станица со неа. За 3 минути на истата станица стигнав и јас за да ја земам ќерка ми, тој беше сеуште тамо. Му застанав на пат, му реков да ги избрише сликите, неочекувано му дојде…ми рече дека ги избришал и ништо страшно, сликал и други деца (за божем да ми дојде утешно). Сфати дека вртам на полицијата за да го пријавам и избега кон Лептокарија. Ете го ликот , убаво е да го знаете …заради превентива“, вели мајката.

Од МВР го потврдија случајот. Информираат дека пријава од мајката има поднесено и се превземаат мерки.

– М.М.А.(42) од Скопје пријавила дека на 11.10.2023 околу 19.10 часот додека нејзината малолетна ќерка се возела во градски автобус бр. 24 од Градежен факултет кон ТЦ Лептокарија, едно лице ја фотографирало и се допирало по гениталиите. Веднаш е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Само изминативе неколку седмици јавноста беше потресена од неколку случаи на силување и полови напади врз деца од страна на повозрасни мажи.

Поврзани вести

Back to top button