Водителката се обидела да остане мирна и професионална, иако била бесна, а потоа добила поддршка од студиото. Познатата мадридска новинарка, Иса Баладо, била на терен поради снимање прилог во живо за грабеж, кога од зад грб ѝ пришол непознат маж.
Поради тоа што не била свесна што се случува, во еден момент само се тргнала кога почувствувала нечија рака на својот задник.
Иса се обидела да продолжи со јавувањето во живо, но колегата водител Начо Абад во студиото ја прекинал и ја прашал дали некој штотуку ја допрел за задникот.
Таа потврдно му одговорила, а водителот ѝ порачал задолжително да го сними идиотот.
Камерата потоа го зумирала мажот којшто и натаму стоел на страна и се смешкал, а Иса му рекла:
„Колку и да сакаш да ме прашаш од која телевизија сме, мораш ли да ме допираш за задникот? Водам емисија во живо и работам“, порачала Баладо.
Мажот потоа се обидел да ја погали по главата, па заминал. Она што не го очекувал е тоа што еден час подоцна му пришла полицијата на улица и го уапсила.
Тој е обвинет за сексуален напад, а тоа мажот го негирал и изјавил дека сето тоа било само шега, а дека водителката ја допрел по грбот, а не по задникот.
Водителката се обидела да остане мирна и професионална, иако била бесна, а потоа добила поддршка од студиото.
Journalist Isa Balado was reporting live from Madrid on a robbery when a man approached her from the rear and put his hand on her behind – angering the news programme’s host back in the TV studio who insisted she put the “idiot” on camera.
Read more here: https://t.co/71i5kG7Z7y pic.twitter.com/uBpPJtzqXh
— Sky News (@SkyNews) September 13, 2023