Нов директор на МЕПСО е Зуди Кока, брат на Цуфи Кока кој впери пиштол во македонските демонстранти (ВИДЕО)
Зуди Енузи Кока е назначен за нов директор на МЕПСО, потврдуваат од компанијата за „ТВ 21“. Тој доаѓа на местото на Сурија Рашиди кој пак беше назначен пред 6 месеци. И двајцата се од партијата Алијанса за Албанците.
Инаку Зуди Енузи Кока беше директор на скопското Комунално претпријатие, ама откако неговиот брат Цуфи Кока во јули мината година впери пиштол во поворката што учествуваше на протестите против францускиот предлог и пукаше во воздух на плоштадот Скендербег беше разрешен од градоначалничката Данела Арсовска. Во истото време на местото крај кое поминувале демонстрантите бил и Енузи Кока, кој сега ќе биде директор на МЕПСО.
Тогаш Енузи Кока, како и неговиот татко, тврдеа дека било пукнато само како заплашување на демонстрантите, а во одбрана на приватниот хотел лоциран на плоштадот Скендербег.