Избор на уредникотМакедонија

Данска државјанка на сила била доведена и задржана во Гостивар

Данска државјанка била пронајдена во гостиварско. Според добиена пријава во полицијата таа била против нејзина волја задржана во Гостивар.

– На 04.08.2023 во 20.30 часот во с.Палатица, гостиварско, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар ја пронашле М.К.(36) од Данска за која претходно е добиена пријава дека против нејзина волја е задржана во Гостивар, информираат од МВР.

Според пријавеното, тоа било организирано од нејзиното поранешно момче и други лица од Данска.

Јавен обвинител извршил службен разговор со неа и се работи на расчистување на случајот.

Поврзани вести

Back to top button