Свет

После силувањето на жени Швеѓаните ја земаат правдата во свои раце: Стотина маскирани лица тепале мигранти

Поголема група на маскирани лица вчера навечер напаѓале мигранти околу главната железничка станица во шведската престолнина.

„Поминував и забележав група на маскирани луѓе облечени во црно како почнуваат да ги тепаат странците. Видов како малтретираат тројца луѓе“, изјавил очевидец за “Aftonbladet”.

Поради инцидентите синоќа полицијата го зголемила присуството распоредувајќи специјалци и хеликоптерски единици откако добиле голем број на пријави за насилство околу главната железничка станица во Стокхолм.

Според очевидците, стотина маскирани лица започнале да ги напаѓаат сите луѓе кои што „не личеле на Швеѓани“, а онлајн форумот на неонацистичкото движење “SMR” открива дека околу 100 навивачи на фудбалските клубови АИК и Ѓургарден се собрале за да ја земат правдата во свои раце и да ги нападнат луѓето кои што доаѓаат од Блискиот исток и Северна Африка.

Пред да се случи големиот напад, група од околу 200 млади лица делеле ксенофобични летоци во центарот на Стокхолм на кои што пишувало „Сега е доста!“. На флаерите пишувало дека на граѓаните на Шведска им е доста од тоа Швеѓанките да бидат напаѓани од мигрантите.

„Одбиваме да прифатиме уништување на нашето некогаш безбедно општество. Ако нашите полицајци и политички лидери покажуваат поголема емпатија за убијците, отколку за нивните жртви, тогаш тоа не може да помине без протести. Кога улиците на Шведска повеќе нема да бидат безбедни за низ нив да чекорат нормалните Швеѓани, тогаш наша должност е да го решиме тој проблем“, пишувало на флаерите.

Бранот на насилства доаѓа после дивеењето на мигрантите во околината на железничката станица во Шведска, сексуалните напади и силувањата на жени од страна на мигрантите, но и убиството на младата Швеѓанка од страна на мигрант.


Во меѓувреме, шведската неонацистичка група „Движење на отпорот“ ја превзеде одговорноста за нападот. На нивната интернет страница е соопштено дека станува збор за „чистење“ на криминалните мигранти кои што се собираат околу главната железничка станица во Стокхолм.

„Ние, 200 Швеѓани се собравме да се побуниме против децата мигранти кои што трчаат по нашите станици. Полицијата јасно даде до знаење дека нема ништо да стори во врска со тоа и затоа ние ќе ги казниме на начин кој што го заслужуваат“, пишуваат напаѓачите.

„Ние кои што се собравме денес не сме вашите политичари, новинари и полицајци. Ние сме вашите татковци, браќа, сопрузи, колеги, пријатели и соседи. Шведските мажи и жени заслужуваат да се чувствуваат безбедно во секојдневниот живот и затоа ги повикуваме останатите да тргнат по нашите стапки“, напишаа напаѓачите.

Поврзани вести

Back to top button