Свет
Мајка монструм: Педофили ѝ платиле 14.000 долари за да го злоставува своето бебе
На Романката ѝ се заканува казна од 15 години затвор поради сексуално злоставување на бебе.
24-годишната Романка Роксана Елена Ону, била уапсена откако американски ФБИ на интернет открил фотографии на кои се гледа како ја злоставува својата 11-месечна ќерка.
Инспекторите налетале на неа по апсењето на педофилот Брендон Гресете, откривајќи дека ѝ платил 14.000 долари во замена за тоа пред камера да ја соблекува својата ќерка и да ја допира по интимни делови од телото.
“И претходно се занимавав со видео-чет на интернет, па некои од моите клиенти дознаа дека се породив и бараа да го соблечам бебето и да го допирам. Прифатив во замена за пари. Мислев дека тоа не е страшно, бидејќи таа е премногу мала и секако нема да се сеќава на ништо”, рекла мајката монструм.
На Романката ѝ се заканува казна од 15 години затвор поради сексуално злоставување на бебе.