Избор на уредникотМакедонија

Со блокади и палење гуми жителите на селото Слупчане не дозволуваат влез на ЕВН (ВИДЕО)

Со блокада на патот и палење на автомобилски гуми жителите на селото Слупчане, липковски вчера попладен го блокираа пристапот на екипите на ЕВН кои сакаа да воведат ред во користењето на електричната енергија. Според информациите на дел од порталите, „ЕВН Хоме“ ја исклучила електричната енергија и селото е во тотален мрак, а тоа е причина за блокадата на патот. Претходно, се случил дефект во среднонапонската мрежа како резултат на контуинирани кражби од страна на жителите на ова кумановско село Слупчане, денес селото се соочува со прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Од ЕВН додаваат и дека со крадењето струја се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Слупчане важи за населено место каде најмалку се плаќаат сметките за електрична енергија.

-Фактури за струја пристигнуваат само кај 20 отсто од домаќинствата, пренесува ТВ 21.

Од ЕВН потврдија за прекинот во снабдувањето поради неконтролирано и неовластено користење на електрична енергија. Од компанијата додаваат дека постојано се соочуваат со проблеми и закани од мештаните, односно не постојат услови за нормално извршување на законските обврски за одржување и управување на системот задистрибуција.

-Поради контуинирано неовластено користење на електрична енергија од страна на мештаните на село Слупчане, се оптоварува мрежата при што се предизвикуваат големи дефекти. Екипите на Електродистрибуција постојано се соочуват со попречување во извршување на законските обврски, се соочуваат со закани и им се забранува пристап до енергетските објекти. Со ова, во целост се оневозможува нормалното функционирање и работење. Се додека нема цврсти гаранции и услови за работа и нормално функционирање поради наведените причини, нема да постои можност за санација на дефектот, соопштија од ЕВН.

 

Поврзани вести

Back to top button