Уапсен Германец, снимал голи деца со рачен часовник
Полицијата во Ровињ ја заврши кривичната истрага против 54-годишен германски државјанин и го утврди сомнението дека сторил кривично дело искористување деца за порнографија. Како што објавија хрватските медиуми, германски државјанин е осомничен дека на 1 јули околу 17 часот на базен во туристичко место во Ровињ снимал голи деца со рачен часовник со интегрирана микро камера.
Чуварот го забележал човекот и го задржал до доаѓањето на полицајците кои го уапсиле мажот.
Во рамки на кривичната истрага, врз основа на судска наредба, полицијата извршила претреси и му ги одзела лаптопот, мобилниот телефон и два рачни часовници, а при претресот биле пронајдени фотографии и видео снимки со инкриминирачка содржина.
По завршување на кривичната истрага, осомничениот во вечерните часови на 2 јули е приведен во притворската единица на истарската полиција.