СветТоп

Вучиќ: Албанските полицајци впериле пушки кон син ми и го прашале „татково име?“ Тој одговорил: Александар! Тоа е мојот татко и ваш претседател (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека албанските полицајци кај Подуево, ги впериле пушките кон неговиот син Данило, кој беше во Косово на митингот во Грачаница по повод Видовден, барајќи по секоја цена да ја соблече маицата со натпис „Предавањето не е опција“. Тие го прашувале и како се вика неговиот татко.

– Дури сега дознав што се случува во КиМ. Последен пат кога го запреа Данило, недалеку од Подуево, албанската полиција побара по секоја цена да ја соблече маицата на која пишуваше „Предавање не е опција“. Данило не се согласил, а потоа ги впериле пушките во него и го прашале „Татково име“? Тој одговорил: „Александар! Тоа е мојот татко и ваш претседател! Маицата не му беше соблечена а образот не му е извалкан. Предавањето не е опција, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Вучиќ претходно синоќа изјави дека косовските полицајци трипати го застанале и го пребарувале автомобилот во кој бил неговиот син.

Поврзани вести

Back to top button