Драматично предупредување на Русија, радиоактивен облак од Украина се шири кон Европа
Уништувањето на муницијата со осиромашен ураниум, која Западот и ја достави на Украина, доведе до појава на радиоактивен облак кој веќе се движи кон Европа, изјави секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Патрушев на состанокот во градот Сиктивкар, Русија. Тој исто така рече дека во Полска веќе е забележано зголемување на радијацијата.
– Лидерите на западните земји ќе разговараат и за помошта за Украина под притисок на САД. Американците во историјата постојано им „помагале“ на земјите. Тие и „помогнаа“ на Украина вршеа притисок врз нивните сателити и доставија муниција со осиромашен ураниум. Нивното уништување предизвикало радиоактивен облак да се упати кон Западна Европа. Во Полска веќе е забележано зголемување на радијацијата, рече Патрушев.
Mуницијата со осироманишен ураниум која што Русите тврдат дека ја уништиле и која предизвикала зголемено ниво на радиација, на Украина и била испратена од Велика Британија.