Избор на уредникотМакедонија

Трка на „Партизанска“заврши со сообраќајка, еден од автомобилите удрил во контејнер

Трка меѓу два автомобили на „Партизанска“ заврши со сообраќајна незгода, откако едно од возилата удри во контејнер и искрши десетина метални столпчиња, објави Новинската агенција Макфакс.

Сообраќајката беше потврдена и од МВР.

-Денеска во 13.25 часот било пријавено дека на бул. „Партизански Одреди“ патничко моторно возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки удрило во контејнер и неколку столпчиња. До овој момент нема пријава за повредени лица. Од страна на полициски службеници излезено е на местото на настанот, информира МВР.

Поврзани вести

Back to top button