ОЈО со детали за убиството во скопски Капиштец: Прво пукал со пиштол во него, а пота со кундак го удирал во глава (ВИДЕО)
46-годишен Арачиновец е убиен утрово пред казино во скопската населба Капиштец, соопштуваат од Скопското обвинителство. Според првичните сознанија од Обвинителството, починатиот маж, во казиното пристигнал заедно со уште три лица, во видно алкохолизирана состојба.
– Мажите извесно време играле на апаратите, а потоа жртвата започнал да се расправа и да се турка со едно од лицата со кои бил заедно во казиното. Другите двајца се обиделе да ги раздвојат, но осомничениот извадил пиштол и неколкупати пукал во оштетениот. Потоа со кундакот од пиштолот го удрил повеќе пати во пределот на главата. Жртвата им подлегнала на повредите на лице место, велат од Обвинителството.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција. Ќе се врши вештачење на траги и докази подигнати од лице место и ќе се разговара со сведоци на настанот. Обезбедени се снимки од видео надзорот на објектот.
Убиецот е во бегство но и е познат на полцијата.