ЖивотИзбор на уредникотТоп

Шведски пратеник Аднан Дибрани спаси бебе во Црна Гора

Аднан Дибрани, пратеник во Шведскиот парламент, роден во Косовска Митровица, стана вистински херој во Црна Гора.Тој му дал прва помош на бебето извлечено од Морача, каде се нашло откако неговата баба вчера заедно со него скокнала во водите на реката, пишуваат локалните медиуми.

Црногорската јавност и денеска е под влијание на вчерашната шок-вест – дека баба со своето внуче скокнала во реката Морача. 62-годишната жена се удавила, а неколкумина работници на комуналните служби на Подгорица скокнале во водата и го извлекле бебето, но никој не знаел да му пружи помош. Двомесечното машко бебе било без свест, но тогаш на местото се појавил Дибрани, кој успеал да ја истисне водата од белите дробови на детето спасувајќи му го животот.

Дибрани во Црна Гора престојувал како дел од набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на Советот на Европа што ги следи изборите во земјата.

Преку Скајп, тој за албанската телевизија „Топ чанел“ изјави дека се нашол случајно на кејот на реката, кога видел како го извлекуваат бебето кое имало вода во белите дробови.

Тој раскажа за драматичните моменти – вели дека секунди биле во прашање за бебето да преживее.

– Им го зедов бебето и се обидов да го направам тоа што го знам, најдобро што можам. Го стиснав бебето на стомакот и грбот, ја исцедив водата од неговите бели дробови. Не знам што направив… не знам како, но детето беше спасено. Кога водата излезе од органите, тогаш ги отвори очите. Потоа веднаш ѝ го предадов на Брзата помош. За нас тоа изгледаше како цел живот, а беа минути кога ја видов таа жена… во еден миг видовме што се случува, но не бевме свесни дали има бебе или кукла кога се фрли во реката“, вели Дибрани.

Тој додаде дека кога бебето почнало да плаче, сакал само да му даде кислород и оти во тој момент, освен среќа што бебето е живо, ништо друго не почувствувал

– Разговарав со претставници владата во Црна Гора, со првиот човек на парламентот, ми кажаа како стојат работите, сѐ уште не сум комуницирал со родителите. Момченцето е два месеца старо, се надеваат дека не се повредило и дека сѐ ќе биде добро. Знам како им е на неговите родители, зашто и самиот сум родител. Жалам за неговата баба, рече Дибрани.

Тој во Шведска имигрирал во 1992 година, а денеска е пратеник Парламентот од редовите на социјалдемократите.

Поврзани вести

Back to top button