Избор на уредникотМакедонија

73 пратеници земале 360.000 евра за патни трошоци, рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди

73 народни избраници за 11 месеци инкасирале 360 000 евра народни пари за да ги покријат своите патни трошоци, објави ТВ Сител, врз основа на податоци добиени преку барање за информации од јавен карактер. Од пресметката е одземен месец август, кога пратениците се на колективен одмор и Собранието не работи.

Според податоците кои ги објави телевизијата, народните избраници од најголемата владејачка партија, СДСМ, пријавиле најмногу патни трошоци. 23 пратеници добиле 133.000 евра. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ е втора на оваа листа. 23 пратеници од оваа партија побарале 132 илјада евра за патни трошоци.

Сумите кои минатата година ги пријавиле пратениците варираат од 7.800 до 770.000 денари.

Апсолутни рекордери за оваа година се Мирче Аџиоски, Јадранка Поцкова и Сурија Рашиди. На овие пратеници на сметките им легнале од 706 до 770 илјади денари.

Целата сторија може да ја прочитате тука.

Поврзани вести

Back to top button