Избор на уредникотМакедонија

За две недели ќе се знае дали ќе поскапи струјата

Дали ќе поскапе струјата за домаќинствата и со тоа ќе се удри врз и онака нискиот стандард на граѓаните  ќе се знае за 2 недели. Моментално е познато дека ДДВ за струјата се зголемува од 5 на 10 отсто и дека ќе нема промени во блок тарифите за граѓаните.

Првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски вели дека прво треба да завршат тендерите на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за набавка на струја и на МЕПСО и Електродистрибуција за покривање на загуби, а енергетските компании ќе ги достават пресметките со трошоците до Регулаторната комисија за енергетика, па потоа да се утврди новата цена.

– Кога ќе завршат од компаниите ќе добиеме барање за определување на нивните цени за 2023 година. Понудите ќе бидат доставени во следните две недели. Треба да се види колку ќе бидат трошоците за набавка на загуби, колкава ќе биде цената на берзата на ХУПЕКС која денес е околу 400 евра за мегават-час и по колкава цена ќе може ЕСМ да му продава на универзалниот снабдувач ЕВН. Досега беше 48 евра за мегават-час, вели Бислимовски.

Според Бислимовски блок тарифите се добри и ќе останат и во 2023 година.

Поврзани вести

Back to top button