Додека денес имаме современа медицина, нашите предци за лекување на разни болести морале да се потпираат на земјата и природата само за да набават антибиотици.
Подолу ви донесуваме листа на растенија кои ги уништуваат бактериите и бркаат многу болести.
Кромид и лук
Делат заеднички лековити својства и содржат природни антигабични, антибактериски и антиканцерогени супстанции.
Според списанието „Pharmacognosy Reviews“, „Во време кога немало антибиотици и други лекови, лукот ја претставувал целата индустрија за лекови заради широкиот спектар на ефекти“.
Корен на ѓумбир
Ѓумбирот е моќен лек кој прави чуда за човечкото тело. Можете да го јадете свеж, во прав или сушен како зачин. Може да се конзумира и како екстракт, масло, капсула, пастили или тинктура.
Има силно антиинфламаторно дејство и е многу ефикасен како антибиотик. Намалува болка, мачнини и помага при губење на апетитот.
Кокосово масло
Станува збор за природен антибиотик кој помага во лекување на кашлица, кандида, воспаление, па дури и брадавици. Поради своите антимикробни својства, може да спречи влез на штетни патогени во дигестивниот систем.
Исто така е добар антибиотик заради неговите антивирусни и антифунгални својства.
Оцет од јаболко
Благодарение на оцетната киселина е моќен антиинфламаторен лек. Намалува симптоми на многу состојби, акни, артритис и гихт. Покрај намалувањето на болката, јаболков оцет обезбедува добра доза на пробиотици.
Мед
Студиите покажуваат дека обичниот мед убива повеќе од 60 различни видови бактерии. Лекува кандида, кашлица, помага при заздравување на раните, помага при кардиоваскуларни заболувања, дигестивни проблеми, бубрези, гинеколошки проблеми.