Шојбле до Сорос: Не го плаши светот за да заработиш
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле во интервју за германскиот весник Шпигел, одговори на предупредувањето кое стигна од американскиот милијардер Џорџ Сорос, а во врска со светската криза.
„Сорос заработи многу пари на такви гласини во својата кариера“, изјави германскиот министер за финансии. „Нема потреба светот да се плаши со такви глупости“.
Сорос кажа дека Кина ја чека „тешко приземјување“, што ќе придонесе на глобалната дефлација.
На прашањето на Шпигл дали германскиот министер не е загрижен дека може да дојде до нова криза, тој кажа дека само постојат многу проблеми на кои треба да се работи.
„Само велам дека сме соочени со повеќе ризици кои создаваат криза, како што е развојот на кој мора да се фокусираме. Исто така, мора да бидеме внимателни околу индикаторите кои ја најавуваат кризата. За Кина зборуваа дека двоцифрена стапка на раст може да биде опасна. Сега земјата има стапка на раст од 6,9 отсто и тоа е катастрофа за светската економија. А тоа може само да покажува дека претходното ниво беше премногу високо“, вели Шојбле.
Според него, финансиската политика мора да биде внимателна, да не дозволи да се повторуваат такви осцилации.
„Урамнотежениот буџет, на пример, има многу важна психолошка функција. Тоа е сигнал дека не можеме да продолжиме да преземаме туѓи долгови“, смета тој.