Живот

Утре делумно затемнување на сонцето, појавата ќе може да се гледа и од плоштадот во Скопје

Делумното затемнување на Сонцето ќе се случи утре. Настанот ќе може да се набљудува од поголемиот дел од Европа, северна Африка, Блискиот Исток и западните делови на Азија.

Кај нас овој настан ќе може да се набљудува од целата територија на Македонија. Целиот настан ќе трае нешто помалку од два часа.

Скопското астрономско друштво најави дека на плоштадот ќе биде поставен телескоп, а настанот ќе почне околу 11.30 часот, пред максимумот на затемнувањето кој се очекува да се случи околу 12.30 час.

Од Астролошкото друштво предупредуваат да не се набљудува Сонцето со голо око или уште полошо со некој оптички инструмент без соодветни филтри, бидејќи може да се оштети видот.

Делумните затемнувања на Сонцето се случуваат кога Месечината ќе се најде помеѓу Сонцето и Земјата, при што Месечината само делумно го покрива Сончевиот диск. За време на делумното затемнување на Сонцето, Месечината, Сонцето и Земјата не се порамнуваат во совршено права линија, а Месечината го фрла само надворешниот дел од својата сенка, пенумбрата, на Земјата. Од наша перспектива, ова изгледа како Месечината да ‘одгризнува’ дел од Сонцето.

Поврзани вести

Back to top button