Семејство ќе треба да плати 300 евра казна оти побарало одложување на вакцината за нивното тригодишно анемично дете
Родители на тригодишно дете кое е со нежно здравје уште од самото раѓање треба да платат казна од 300 евра затоа што побарале одлагање на вакцина, бидејќи детето имало исклучително ниски параметри на хемоглобинот во крвта.
Детето е анемично, хемеоголбинот му е само 66, а треба да биде од 115 до 175. Но, докторката кај вакцините не’ убедуваше дека тоа не било ништо, за разлика од неколку други лекари кои ни го кажаа токму спротивното. Да е ниска граница ќе биде 115, 110 на пример, не е проблем. Ова од најниската граница, е дупло послаб. И матичната ѝ рече, не чини, слаб имунитет, железо, детево е анмично, појдете за да си знаат кај вакцините. Отишла женава со детево, но докторката ѝ рекла – нема гајле, јас гарантирам, вели за „Алфа“ таткото на детето, Владимир Швацов.
Повеќе во „Алфа“