Живот

Николина Пишек побогата за речиси 2 милиони евра, ја продаде вилата за само два дена

Вилата на Николина Пишек во Шестине, Загреб, е продадена за само два дена од објавувањето на огласот за речиси 2 милиони евра. Засега не се знае кој е новиот сопственик на недовршената вила бидејќи огласот е означен како продаден, пишуваат хрватските медиуми.

Станува збор за куќа од 420 метри квадратни, чија изградба започнала во 2012 година. Куќата има двор и градина од 1.460 метри квадратни. Според содржината на огласот, изградбата на куќата треба да заврши во јануари 2023 година. Агенцијата која ја продавала вилата истакнала дека се работи за градба со пет спални соби и базен.

Николина Пишек со својот покоен сопруг Видоје Ристовиќ планирале да живеат во Загреб. Минатата година купиле куќа и веднаш почнале да ја реновираат. Наводно, брачната двојка Ристовиќ подигнала два кредити поради трошоците за изградба на куќа, објавија тогаш српските медиуми.

На ваква инвестиција се одлучиле откако Николина и нејзината ќерка за малку ќе се задушеа поради труење со јаглерод моноксид во нивниот стан во Загреб. По тој немил настан, семејството продолжило да живее во хотел, а додека им се реновирала вилата живееле во изнајмен стан.

Поврзани вести

Back to top button