Ајкули пливаат по улиците (ВИДЕО)
Снимка од ајкула која плива во поплавена улица во Форт Мајерс во Флорида го обиколи интернетот.
Невремето Иан кое со 185 километри на час успеа да потоне брод со мигранти, сега се заканува да им донесе нови проблеми на жителите. Тие најмногу се плашат од алигаторите кои живеат надвор од мочуриштето Еверглејдс. Алигаторите се опасност за домашните миленици.
Ајкулата прикажана на видеото е од помал вид. Но, во океанот кај Флорида живеат и т.н. бикови ајкули кои би можеле да преживеат во слатка вода, уште еден предзивик за населението кое остана без струја да се справува со поплавите и разорниот ветар.
The storm surge is so powerful from #HurricaneIan that it has brought a shark into the city streets of Fort Myers.
🎥@BradHabuda pic.twitter.com/RHY0kK5RHR
— Colin McCarthy (@US_Stormwatch) September 28, 2022