Избор на уредникот

Фајзер знаеле за илјадниците нус појави од вакцината, 25.000 пореметувања на нервниот систем

Нус-појавите на вакцината на Фајзер вклучуваат гастро проблеми, малаксаност и замелушеност. Според документи објавени откако американски федерален судија реши тие да ѝ бидат достапни на јавноста, нус-појавите се само врв на ледениот брег, вели британски Експрес.

Несаканите ефекти од вакцината на Фајзер во голема мера се благи и краткотрајни. Но, новите документи кои наводно биле добиени откако лекари, професори и новинари се повикале на Законот за слобода на информации до Агенцијата за храна и лекови (ФДА) отвораат шокантно откритие, пишува Експрес.

Федерален судија од Тексас ѝ нареди на Агенцијата да ги направи достапни податоците кои ги имала при лиценцирање на вакцината на Фајзер против ковид.

Кога Фајзер аплицирале за одобрување на вакцината од ФДА, тие биле свесни за речиси 158.000 несакани реакции на вакцината.

Притоа, барале и овие документи да останат запечатени 75 години, пишува британскиот медиум.

Таблоидот (на линкот погоре) наведува и листа од 40-тина несакани дејства и медицински состојби предизвикани од вакцината. Тврдат, целосната листа содржи 1,246 медицински состојби, дека биле регистрирани 25.000 пореметувања на нервниот систем, 17.000 пореметувања на ткива, мускули и коски како и 14.0000 гастроинтестинални пореметувања.

Инаку, овој фармацевтски гигант ја има платено најголемата отштета во областа на здравствената заштита: изброија 2,3 милијарди долари само во еден случај.

Патем, и кај нас постои закон за достапност на информации, но како и други закони, и тој е често мртво слово на хартија. Погледнете како македонското Министерството за здравство и министерот Беким Сали деновиве (8 март 2022 година), ноншалантно НЕ одговориле на серија прашања за пандемијата, поставени со повикување на истиот закон.

Поврзани вести

Back to top button