Избор на уредникотСвет

Мона, родителите ја омажиле на 12, сопругот и деверот ја убиле на 17 години (ВИДЕО)

Мона Хејдари (17) брутално била убиена од сопругот и деверот во Иран, а потоа позирале пред камерата со нејзината отсечена глава.

Страшното убиство во Иран го потресе целиот свет, а бројни организации сега бараат промени во законите во оваа земја со цел да се спречат „Убиствата од чест“.

Грозоморното злосторство се случило на 5 февруари, а четири часа подоцна убијците биле уапсени во градот Ахваз, на југозападот на земјата. Двајца Иранци го признаа убиството, а на социјалните мрежи со денови кружи грозоморно видео на кое се гледа како еден од нив шета со главата на Мона низ градските улици.

Мотивот за убиството официјално не е соопштен, но се сомнева дека Мона е убиена затоа што нејзиниот сопруг се сомневал дека таа го изневерува.

Енсија Казали, која е задолжена за правата на жените во иранската влада, го повика парламентот да преземе итни мерки, а властите да ја предупредат јавноста за да се спречат ваквите злосторства во иднина.

Медиумите во Иран и корисниците на социјалните мрежи со денови бараат промена на законот.

– Некој обезглавил човечко суштество. Нејзината глава била носена низ улиците, а убиецот бил горд. Како може некој да го прифати тоа? Мора да преземеме мерки за никогаш повеќе да не се случи фемицид, се наведува во написот во локалните медиуми.

Се повеќе луѓе бараат реформа на законот за заштита на жените од семејно насилство, а се бара и промена на законот за минимална возраст за брак во Иран. Денес во Иран, лице кое има само 13 години може да се омажи.

Локалните медиуми пишуваат дека Мона имала само 12 години кога се венчале со неа. Младото девојче кое беше брутално убиено зад себе остави тригодишен син.

Адвокатот Али Мојтахедзадех рече дека дупките во законот им дозволуваат на поединци да вршат „убиства од чест“.

„За жал, се соочуваме со такви случаи бидејќи нема јасни мерки кои ќе обезбедат примена на законот за да се спречи насилството врз жените“, изјави пратеникот Елхам Надаф за локалните медиуми.

Во мај 2020 година, еден човек ја отсече главата на својата 14-годишна ќерка и беше осуден на само девет години затвор.

На убиството му претходело бегството на девојката од дома. Имено, таа го напуштила домот на нејзиниот татко со своето 35-годишно момче, откако татко и се спротивставил на нивниот брак.

Парот бил пронајден од полицијата, а девојката била испратена дома иако им кажала дека се плаши за својот живот. Истата вечер татко и ја убил додека спиела.

Поврзани вести

Back to top button