Избор на уредникотСвет

Под истрага милионерот кој возеше со брзина од 417 километри на час (ВИДЕО)

Германската полиција покрена истрага против чешкиот мултимилионер Радим Пасер, кој возел со брзина 417 км/ч на германски автопат, а потоа се пофалил со тоа на ЈуТјубе.

Иако на германските автопати нема ограничување на брзината, трките се забранети.

Според германските закони и таканаречената поединечна трка е забранета доколку возачот „со неприлагодена брзина, грубо ги прекршува правилата и несовесно вози за да постигне најголема можна брзина“, соопшти полицијата во Магдебург во понеделникот вечерта.

Видеото, кое чешкиот градежен претприемач Радим Пасер го објави на својот канал на ЈуТјубе, го прикажува движењето на спортскиот автомобил „Бугати“ на германскиот автопат А2 од Берлин до Хановер и достигнува брзина до 417 км/ч..

Станува збор за „неодговорно и опасно возење“, иако нема никакви ограничувања.

„На возачот му е дозволено да се движи со брзината со која е возможно да се управува автомобилот“, се вели во соопштението на полицијата.

Поврзани вести

Back to top button