Италијански медиуми: Тито бил немилосрден комунистички диктатор
Во неколку градови во Италија постојат улици кои го носат името Јосип Броз Тито, некогашниот претседател на СФРЈ, но неодамна е започната иницијатива истите да се преименуваат.
Како што пишува италијанскиот портал “Giornale”, несфатливо е дека ширум Италија улици се уште го носат името на “најнемилосрдниот комунистички диктатор”.
“Како би реагирале кога некоја улица би го носела името Адолф Хитлер или Јозеф Менгеле”, се прашува авторот на статијата, и додава дека улиците во Италија сепак носат име на еден злосторник.
Во текстот се наведува дека партизаните на Тито убивале и мачеле Италијанци и извршиле невидени злосторства.
Порталот додава дека барањата за преименување на улиците кои го носат името по Тито најчесто се одбиваат, а дека натписите кои го слават големиот комунистички диктатор и натаму се тука “и им се смеат на Италија и на Италијанците”.
Станува збор за улици во Парма, Нуоро, Реџо Емилија…