Нарачал мобилен телефон за 4.000 денари, добил две маски за телефон
Маж од кочанскиот регион по договор со лице од Гевгелија, уплатил на неговата сметка 4.000 денари, но во пратката која потоа ја добил, имало само две заштитни маски за телефон, соопштија од СВР Кочани, каде работат на расчистување на случајот.
Маж од Кочанско е олеснет за 4.000 денари при купување мобилен телефон, но наместо да добие апарат добил две заштитни маски за неговиот стар мобилен апарат.
Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова во соопштение наведува дека 46-годишен маж од кочанско вчера пријавил во полициска станица дека од страна на лице, кое се претставило како И.Т од Гевгелија, бил доведен во заблуда, доколку уплати 4.000 денари на сметка, дека по карго ќе му го испрати мобилниот телефон.
Парите биле уплатени во банка, но следувало изненадување – по карго му бил испратен пакет, но наместо телефон, внатре имало само две маски за телефон.
Се работи на расчистување на случајот, се вели во соопштението од СВР-Штип.
Полицијата апелира граѓаните да не наседнуваат на вакви измами.