Русинката Маша пее песна на македонски јазик, слушнете ја „Дали ти ќе дознаеш“ (ВИДЕО)
Македонската музичка сцена и тоа како има потреба од нови имиња кои ќе ја освежат и ќе создадат нешто ново и поинакво од она што сме навикнати да слушаме и гледаме веќе со години.
Факт е дека на поп-сцената во нашата земја и недостигаат млади артисти кои ќе донесат еден нов и модерен звук, а токму еден таков артист е младата пејачка Маша.
Ако се прашувате од каде ова специфично име, одговорот е во тоа што Маша е Русинка која веќе неколку години живее во нашата земја.
Неодамна таа сними песна на македонски јазик со наслов „Дали ти ќе дознаеш“, на која како автор на музиката се потпишува Панче Касапски, односно текст на Огнен Неделковски, а пак аранжманот и миксот се дело на Лазар Цветковски.
Несомнено одлична екипа за „влез“ на македонската музичка сцена, а дека е задоволна од новата песна потврди и лично Маша…
– Многу сум задоволна од тоа како звучи песната. Искрена да бидам, јас не ги познавам многу луѓето кои работаат музика во Македонија, но по консултација со неколку мои блиски пријатели, решив да изберам да работам со оваа екипа. Исто така не смеам да го заборавам и режисерот, Даниел Јовески, кој направи одличен видеоспот – изјави Маша.
И се разбира, прашањето кои многумина би сакале да и го постават: Зошто на македонски јазик, а не на руски? Одоговрот на Маша е следен:
– Јас тука живеам, тука се образувам, го научив одлично македонскиот јазик и немав дилеми за тоа дали да пеам на руски или на македонски – вели накусо Маша.
Инаку ова е само почеток. Маша планира да биде доста продуктивна кога е во прашање создавањето на новa музика и тоа се разбира, на македонски јазик…
А, сега слушнете ја и погледнете го спотот за „Дали ти ќе дознаеш“: