Свет

Почина најбогатиот Турчин

Претседателот на турскиот конгломерат „Коч холдинг“ и еден од најпознатите бизнисмени во Турција, Мустафа Коч почина денеска од инфаркт на 55-годишна возраст.

koccc

Во соопштението на државната болница „Бејкоз“ во Истанбул, каде Коч првично бил донесен, се наведува дека тој колабирал за време на тренинг. Кога утринава пристигнал во болница, срцето веќе не му работело. Тој веднаш бил транспортиран во Американската болница, која е сопственост на семејството Коч во центарот на Истанбул.

– И покрај сите напори на лекарите го загубивме Мустафа Коч поради инфаркт, кој го доживеал во својот дом, изјави вработен во Американската болница.

Во изминатите години Коч немаше многу добри односи со владејачката Партија на правдата и развојот, но неодамна беа забележани знаци на помирување. Тој и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган се сретнаа вчера, неколку часа пред смртта на бизнисменот.

„Коч холдинг“, кој се занимава со различни дејности од енергетика до автомобилска индустрија, генерира околу 10 отсто од бруто домашниот производ на Турција.

Дел од конгломератот се пет од десетте најголеми компании во Турција и тој има околу 100.000 вработени.

Поврзани вести

Back to top button