Избор на уредникотМакедонија
Се бореа за правда или за функција, ова е новиот заменик на генералниот секретар на Собранието
Со 61 глас „за”, 22 „против” и без воздржани на денешната 28. собраниска седница беше донесена одлука за именување на Бојан Василевски за заменик на генералниот секретар на Собранието.
На ова реагираше пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ која не ја поддржа предлог-одлуката.
– Ние реагираме по однос на овој предлог бидејќи се работи за исклучиво партиско решение и едноставно СДСМ на овој начин продолжува со водење чекор назад по однос на департизација на институциите, рече пратеничката Дафина Стојановска од ВМРО-ДПМНЕ.
На собраниската седница беше верификуван мандатот на пратеникот Мухамед Кадриов.