Избор на уредникотМакедонијаТоп

Апасиев и Трајанов реагираат: Се предлагаат нови 70.000 државјанства, а престој да се докаже со двајца сведоци!

Не може во итна постапка, без јавна расправа и детална анализа, да се донесат законски измени за драстична измена на критериумите и условите при доделување на македонско државјанство, изјави за Фокус пратеникот и лидер на владејачкиот Демократски сојуз Павле Трајанов, откако 7 пратеници на опозициските Алијансата за Албанците и Алтернатива предложија измена на Законот за државјанство.

„Се работи за законска материја која е регулирана и со мегународни конвенции, сите држави имат ригиден пристап при признавање на статус на државјанин на одредена држава, при што секаде се барат идентични услови кои морат да се исполнат. Ваков закон прво треба да се носи во редовна постапка, потоа треба детална анализа од страна на Владата и јавна расправа, да се проценат ефектите од една таква операција, и што е најважно – дали навистина има 70.000 грагани кои се без државјанство, а кои пред осми септември 1991 година престојувале најмалку 8 години во Македонија“, вели Трајанов.

Реагираше и лидерот на „Левица“, Димитар Апасиев.

Тој на Фејсбук напиша дека со изгласаните измени на Законот за државјанство околу 70.000 граѓани од Косово ќе може да добијат македонски пасоши.

„До каде (ќе) оди забеганоста на СДС?
Вчера, само за да си обезбеди кворум за изгласување на дневен ред, владејачкото мнозинство го усвои шовинистичкиот предлог на Алијанса и Алтернава за контроверзни измени на ЗАКОНОТ ЗА ДРЖАВЈАНСТВО – по скратена постапка, со кој, на вештачки начин, се овозможува нови 70.000 Косовари да станат државјани на Македонија!”, напиша Апасиев на Фејсбук.

Поврзани вести

Back to top button