Uncategorized

Абазовиќ: Ми нудеа 21 милион евра да сменам страна

Лидерот на Граѓанското движење УРА во Црна Гора, и новиот потпретседател на црногорската влада Дритан Абазовиќ кажа дека е точно дека му биле понудеми 21 милион евра, со кои се обиделе да го поткупат.

Бизнисменот Миодраг Дака Давидовиќ тврдеше дека Харис Брчвак, бизнисмен во јавноста познат по хуманитарната работа, се обидел да го поткупи Абазовиќ со 21 милион евра за да ја смени страната, што Брчвак го демантираше.

Абазовиќ за Вијести кажа дека „не е лага цифрата што ја спомна Давидовиќ, но тоа не дојде од Брчвак. За господинот Брчвак мислам сè најдобро и нештата што ги прави за Црна Гора се за почит. Би било крајно несериозно да кажам кој што нудел“.

Претходно движењето УРА објави дека на Абазовиќ му се закануваат припадници на „одредени криминални групи од Косово“, но не соопштија детали, додека полицијата соопшти дека нема такви информации.

Зборувајќи за преносот на власта, Абазовиќ кажа дека поминал на мирен и достоинствен начин, „што не го очекувал бидејќи очекувал спор“.

„Не очекував катаклизма, но очекував повеќе отпор. Им го препишувам тоа како заслуга на сите политички актери и на граѓаните кои покажаа дека имаат поголема политичка свест отколку што мислевме, а благодарен сум им и на меѓународните партнери чија улога не беше мала“, кажа Абазовиќ.

Поврзани вести

Back to top button